Зајакнување на капацитетот и способноста на ГО да се вклучат активности во мониторинг

Зајакнување на капацитетот и способноста на ГО да се вклучат активности во мониторинг на политики засновани врз докази и застапување, истовремено подобрувајќи ја нивната внатрешна транспарентност и одговорност

Со цел да се зголеми капацитетот на невладините организации активно да се вклучат во застапување и мониторинг на политиките и да ја подобрат нивната внатрешна транспарентност и одговорност, во текот на 2019 година Отворена Порта спроведе три обуки за застапување и собирање на податоци и анализи, наменети за 10 невладини организации грантисти во рамките на проектот #ПрепознајПочитувајОстварувајПрава финансиран од ЕУ❗️

Тренинг за процес на застапување

Во текот на 16 и 17 мај. 2019 година, во Охрид, Отворена Порта одржа тренинг посветен на процесот на застапување и планирање на застапувањето. На оваа обука се дискутираше што е застапување и зошто се залагаме и беа елаборирани факторите кои придонесуваат за успешно застапување, т.е. надворешни и внатрешни фактори на застапување. Посебен дел од обуката беше посветен на буџетското застапување како еден од важните видови на застапување, периодот на застапување и какви промени може да се постигнат преку буџетско застапување. Секој од чекорите за застапување исто така беше објаснет одделно од гледна точка на буџетското застапување, особено во однос на принципите на прогресивна реализација, недискриминација и максимално искористување на достапните средства. Вкупно 22 претставници на ГО беа активно вклучени во обуката.

Тренинг за собирање податоци и анализи

Тренингот за прибирање податоци и анализи беше реализирана од 26-ти до 28-ми јуни 2019 година во Охрид. Обуката се фокусираше на потребата од собирање и анализирање на податоците, како и значењето на прибирање податоци заедно со процесот на застапување. Понатаму, беа презентирани начини за прибирање и анализирање на податоците, фазите и видовите податоци и пристапот на различните граѓански организации во сферата на прибирање податоци. За време на обуката беа присутни 23 лица од 10 ГО, кои се дел од новата национална платформа за спречување и борба против трговија со луѓе – Граѓанска платформа за спречување и борба против принудна работа, модерно ропство и трговија со луѓе.

Обуката за мониторинг на политиката се одржа на 25-27 септември 2019, во Маврово со 25 претставници од истите 10 невладини организации. Обуката беше насочена кон подобрување на вештините за набљудување потребни за да се обезбеди независно набљудување и следење на внатрешните случувања околу трговијата со луѓе, шверц и експлоатација и како тоа може да се искористи за застапување. Зборувавме за различни мониторинг алатки, трговија со луѓе и успешни начини за следење на состојбите, политиките и буџетите.

Ова особено се однесува на набљудување на развојот на политиките и нивна примена во различни сектори. Дел од оваа обука беше посветена на мониторинг на буџетите. Во текот на овој дел од обуката беа презентирани фазите и чекорите за набљудување на буџетот, како и фазите и периодите во рамките на буџетскиот процес.

Иако оваа обука беше посветена на темата на мониторинг, првите две сесии беа посветени на појавата на трговија со луѓе. Имено, имајќи ја предвид важноста и можноста за соработка со овие организации и особено предметот на работата на Ла Страда, сметавме дека ГО треба да се запознаат и со проблемот од трговија со луѓе.