Зајакната одржливоста на ГО преку соработка и пренесување на знаења меѓу националните ГОи организации и мрежи од ЕУ
На ден 24-25. Септември.2020, Отворена Порта заедно со Ла Страда Интернационална организираше дводневна меѓународна конференција „Размена на најдобри практики за следење, застапување и вмрежување на европско ниво“ која се состоеше од серија на три вебинари кои беа фокусирани на позицијата на (не документирани) мигранти и работничките права во Европа, трговијата со деца, експлоатација на деца и пристапот до правда. Оваа конференција беше наменета за претставници на невладини организации во Северна Македонија кои имаа можност да стапат во директен контакт со претставници од меѓународните мрежи. Обезбедиме размена на знаење и најдобри практики помеѓу националниот Граѓански сектор и европските платформи и меѓународните мрежи за човекови права за следење, застапување и вмрежување на европско ниво. Експерти од мрежи, социјални движења и други граѓански организации од други европски земји (земји од ЕУ и надвор од ЕУ) учествуваа на конференцијата до поддршка на трансфер на знаење и знаење и добра практика.