На 18.12.2020 година, Отворена порта / Ла Страда спроведе настан на тема „Фактори на ризик за трговија со луѓе во РС. Македонија“. На настанот беа презентирани наодите и препораките од граѓанските организации и постигнатите резултати од проектот Стратешко партнерство за промени.
Настанот беше поддржан од Националната комисија за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција и Националниот координатор кој даде придонес во презентирањето на активностите од новата Стратегија и НАП, специјално насочени кон намалување на ранливоста, нагласувајќи ја важноста на координиран пристап меѓу сите одговорни институции и граѓански организации.
Настанот имаше за цел да стимулира дискусија за факторите на ризик за трговија со луѓе меѓу ранливи категории врз основа на собраните податоци од 11 истражувачки студии извршени од граѓански организации, претставени во публикацијата – „Фактори на ризик за трговија со луѓе во Р.С. Македонија “. Студиите обезбедуваат поширока слика за експлоатација и кршење на човековите права на различните маргинализирани заедници, деца, жени, сексуални работници, како и мигранти и бегалци во оваа земја. Беа дадени конкретни заклучоци и препораки за креирање измени и дополнувања на постојните закони, како и сеопфатни мерки за унапредување на остварувањето на човековите права како основа за спречување трговија со луѓе. Преку овој настан беше промовирана Платформата на ГО , се вокализираше гласот на невладините организации и се пренесоа сите препораки што произлегоа од анализата до главните актери во борбата против трговијата со луѓе, кои беа учесници на овој настан. Вкупен број 19 претставници на граѓански организации, институции и меѓународните организации, кои имаат значајна улога во спречувањето и заштитата од трговија со луѓе беа дел од настанот.