Отворена Порта во соработка со Локалната Комисија за борба против ТСЛ и илегална миграција од Гевгелија, на ден 22.05.2019 година, во Гевгелија спроведе работилница на тема Превенција од трговија со деца.
Учесници на работилницата беа претставници од образовните институции од Гевгелија, кои имаа можност да се запознаат со сите услуги кои ги нуди Отворена Порта како организација, како и со индикаторите за идентификација на жртви од трговија со деца. Со оглед на тоа дека учесниците(педагози, наставници) имаат исклучително значење во превенцијата и раното откривање на децата во ризик од трговија со луѓе оваа работилница беше од големо значење за развој на нивните компетенции за проблемот од трговија со деца. Дополнително, од страна на претставникот од Локалната Комисија од Гевгелија учесниците се запознаа со улогата и работата на оваа Комисија на локално ниво. Вкупно 35 учесници присуствуваа на работилницата. Работилницата се спроведе како дел од проектот Стратешко партнерство за промени, финансиски подржано од ЕУ.