Препознавање, справување и превенција на насилство во училиштата

Во периодот од 17.05 до 19.05 во хотел Бисер во Струга се одржа обука на тема: „Препознавање, справување и превенција на насилство во училиштата“ .

Оваа обука е дел од активностите на проектот „Препознај, превенирај и примени мерки против насислство“ кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА, а е финансиран од програмата за доделување грантови на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: Препознај , почитувај и применувај права“ финансиран од ЕУ, а спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе  Отоворена Порта – Ла Страда. Како прва активност од овој проект беше спроведена анкета на 1500 ученици во 15 средни училишта и беа спроведени интервјуа со стручните служби за тоа колку често се среќаваат со насилство во нивниото училиште.

На оваа обука учество зедоа 28 професори од 14 средни училишта на ниво на Македонија. Обуката ја водеше обучувачот Ана Попризова која по професија е психолог и психотерапевт и има големо искуство во темата за превенција на насилство меѓу младите. Учесниците на обуката  работеа во групи , имаа интерактивни вежби на темата насилство во училиштата, се водеше и дискусија за примери од пракса  поврзани со насилство што се соочуваат во нивните училишта. На крајот од обуката професорите изготвија Акциони Планови за работилници со ученици, професори и вработени во училиштето за превенција, препознаавње и справување со насилство.