Членови

Во рамките на проектот „Стратешки партнерства за развивање  на социјална агенда за промени: ,,Препознај, почитувај и остварувај права“, Отворена порта – Ла Страда Македонија иницираше создавање национална платформа за превенција и борба против трговијата со луѓе.

Неопходноста од создавањето на една ваква платформа произлезе од фактот дека трговијата со луѓе е сложен феномен чии жртви се најранливите категории во едно општество:  жените, децата, сексуалните работнички, работниците и работнички во земјоделството и во текстилната индустрија, бегалците и мигрантите.

Членови  кои воедно се и основачи на Национална платформа за превенција и борба против трговијата со луѓе се невладините организации  –  Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе Отворена Порта, Здружението за заштита на правата на децата „ПОВРЗАНИ“Иницијативата на невработени интелектуалци, Здружението „Достоинствен работник“, Коалицијата на младински организации „СЕГА“, Здружението „ХОПС – Опции за здрав живот“ – Скопје, Националната мрежа противнасилство врз жените и семејното насилство „Глас против насилство“, Центарот за образовна поддршка „Дендо вас“ и Здружението „ЛЕГИС“.

Националната платформа се зајакна со 6 нови граѓански организации кои се приклучија како членови на платформата и тоа : НВО СЕМПЕР од Битола, КХАМ од Делчево, Организација на жени од Св. Николе, Здружение  Женски Форум Тетово, Здружение за перспективна интеграција и развој РОМА ПЕРСПЕКТИВ од Прилеп и Здружение за развој на ромската заедница СУМНАЛ.

Членовите потпишаа  меморандум за соработка со цел дефинирање на соработката меѓу организациите и определување на нивнит обврски и задачи.

Отворена порта ги охрабрува и другите граѓански здруженија кои сакаат и мислат дека можат да допринесат за јакнење на Националната платформа да се приклучат на оваа иницијатива.

Доколку сакате да станете дел од мрежата, пополнете ja формата подолу.