Декларација

Декларација за промоција на борбата против трговијата со луѓе заснована врз почитување на човековите права:

Препознај, почитувај и реализирај права

Ние, долупотпишаните граѓански организации (ГО):[i]

  1. Повикувајќи се на меѓународните и на европските обврски на нашата држава со кои таа се обврзува да ја спречи и да се борат против трговијата со луѓе и експлоатацијата[ii] на луѓе, како и да им обезбеди соодветна и ефективна помош на жртвите;
  2. Имајќи предвид дека овие заложби ги вклучуваат и следниве обврски[iii]:
  • да се воспостават политики за спречување на трговијата со луѓе и на експлоатација на луѓе,
  • да се воспостават соодветни механизми за брза и точна идентификација на лицата жртви на трговијата со луѓе,
  • да се обезбеди помош и заштита на жртвите, што вклучува и заштита на нивната безбедност и приватност и заштита од понатамошна штета,
  • да се обезбеди ефективен и соодветен правен лек за жртвите, што вклучува и пристап до правна помош и надомест на штета,
  • жртвите да не бидат кривично гонети или казнети за злосторствата извршени како последица на нивното тргување или експлоатирање,
  • жртвите да не се чуваат во имиграциски притвор или во други форми на притвор, кои вклучуваат и засолништа со кои се ограничува нивната слобода на движење,
  • да се обезбеди дека со мерките за борбата против трговијата со луѓе не се врши дискриминација врз основа на раса, пол, етничка припадност или друг статус; и
  1. Цврсто стоејќи на ставот дека политиките за борба против трговијата со луѓе треба да се засноваат на човековите права вклучувајќи ги и правото на учество, еманципација и недискриминација на жртвите на трговија со луѓе и на ранливите категории,

Активно ќе соработуваме и ќе се залагаме за:

Сеопфатна превенција за најранливите категории

  1. Во партнерство со граѓанските организации, да се воспостават сеопфатни економски и социјални програми насочени кон превенција и справување со факторите на ризик, како што се сиромаштијата, невработеноста, нееднаквиот пристап до општествените ресурси и социјалната исклученост на ранливите категории,
  2. Преку национални едукативни кампањи, да се информира и да се сензибилизираат пошироката јавност и локалните заедници за улогата на заедницата и на секој поединец во превенирањето на трговија со луѓе,
  • При превенцијата, особено внимание да им се посвети на најранливите категории и тоа: децата, жените, маргинализираните малцински групи, сексуалните работнички, работниците во земјоделството, текстилната и во градежната индустрија и во угостителските услуги, како и на бегалците и на мигрантите како особено ранливи категории.

Рана идентификација на ранливите категории и жртвите на трговија со луѓе

  1. Континуирано да се зајакнуваат капацитети на институциите (полицијата, центрите за социјална работа, трудовиот инспекторат, образовните и здравствените институции) за препознавање и за рана идентификација на ранливите категории и на жртвите на трговија со луѓе,
  2. Државниот инспекторат за труд да биде системски вклучен во превенцијата и во идентификацијата на ранливите категории и на жртвите на трговија со луѓе во случаи кога целта на криминалното дело е трудова експлоатација, што најчесто се случува во градежништвото, текстилната индустрија, хотелиерството и во земјоделството,
  3. Здравствените, образовните и социјалните установи да бидат активно вклучени во препознавањето и во раната идентификација на ранливите категории и на жртвите на трговија со луѓе,
  1. Учеството на граѓанските организации во идентификацијата на жртвите да се институционализира преку формирање тело за идентификација во кое тие активно и формално ќе учествуваат.

Обезбедување на правата на жртвите и специјализирани сервиси

  • Да се обезбеди дека жртвите на трговија со луѓе ќе имаат пристап до бесплатна и квалификувани правна помош во текот на целокупниот процес, независно од тоа дали соработуваат со органите на прогонот, обвинителството и судот.
  1. Сервисите за жртвите на трговијата со луѓе да бидат приспособени на возраста, полот и потребите на жртвата и да бидат насочени кон нивната реинтеграција во општеството; притоа особено внимание да им се посвети на децата како најранлива категорија и како најчести жртви на трговијата со луѓе.
  2. Сервисите за жртвите на трговијата со луѓе да бидат обезбедени од  специјализирани даватели на услуги, со доверба и согласност на жртвата и во согласност со меѓународно дефинираните стандарди.
  3. Да се обезбеди дека странските и домашните жртви имаат подеднакво право на период на рефлексија и дека странските жртви имаат дозвола за привремен престој за време на траењето на кривичниот процес, како и помош и заштита исти како тие што им се достапни на домашните жртви.

Достапност до надомест на штета

  • Да се обезбеди дека законската можност жртвите на трговија со луѓе да добијат надомест за материјална и за нематеријална штета се реализира и во практиката, при што за наплатата треба да бидат одговорни органите на власта, а не самата жртва.
  • Жртвите да бидат соодветно информирани за нивното законско право, а државата да обезбеди плаќање на надоместот и тогаш кога тој не може да се обезбеди од трговецот, а преку воспоставување  специјализирани фондови за таа намена.
  • Да се обезбеди дека мерките, правилата и процедурите за надомест на штетата се брзи и јасни, не ја загрозуваат ефикасноста на правото на надомест на штета и не доведуваат до секундарна виктимизација на жртвата.

 

Навремен, соодветен и ефикасен одговор на институциите во соработка со граѓанскиот сектор

  1. Да се зголеми и да се интензивира соработката помеѓу надлежните институциите со цел да се обезбеди ефикасен одговор при идентификацијата на жртвите и нивната заштита, како и при гонењето на сторителите на криминалот.
  • Граѓанските организации, нивните целни групи и стручната експертска јавност активно и формално да бидат вклучени во креирањето и во имплементирањето политики што се базираат на податоци, особено во создавањето националната стратегијата за справување со трговија со луѓе и илегални миграции, како и во изработката и во спроведувањето на оперативните планови за нејзина реализација.
  • Да се изработи и да се воспостави функционален национален механизам за набљудување и за евалуација на политиките и на практиките, врз основа на кој ќе се изработуваат квалитетни и релевантни годишни извештаи за состојбата со справувањето со трговијата со луѓе според меѓународните стандарди.

Одржливост на специјализираните сервиси за ранливите категории и на жртвите со трговија со луѓе

  • Со цел финансирање на активности за надминување на приоритетните проблеми поврзани со трговијата со луѓе, да се воспостават буџетски ставки за таа намена, како и процедури за реалоакција на ненаменски и на неправилно распределени средства, средства од продажба на конфискуван имот, средства прибрани во судски постапки од сторители на дела и сл.
  • Да се зајакнат капацитетите на локалните даватели на услуги и да се лиценцираат нивните сервиси, за да се обезбеди поддршка на жртвите на трговија со луѓе во локалните заедници, со соодветна покриеност во сите осум плански региони.
  1. Да се воспостават правила и процедури за издвојување наменски средства од страна на економските локални совети за финансиска поддршка на локални услуги за поддршка на ранливите категории и на жртвите на трговија со луѓе.
  • Да се воспостават механизми со кои граѓанските организации ќе ги мониторираат годишните буџет на државата односно на општините и на средствата потрошени на борба за трговија со луѓе.
  • Меѓународните организации да ги третираат како приоритетни, да се мобилизираат и финансиски да ги поддржат програмите за превенција, рана идентификација, заштита и (ре)интеграција на ранливите категории и на жртвите на трговијата со луѓе.

За да ја проследите декларацијата во форма на документ, кликнете тука

[i] Во рамките на оваа декларација, граѓанските организации се дефинираат како било кои други непрофитни организации или здруженија формирани врз основа на правото на собирање, кои не се политичка организација и не се регулирани со државен закон.

[ii]. Во рамките на оваа декларација, експлоатација вклучува принудна работа или услуги, вклучувајќи и присилни сексуални услуги; ропство, вклучувајќи го и сексуалното ропство: слугување, вклучувајќи ја сексуалната потчинетост, и практики слични на ропство, ропство поради долг, слугување и сервилна форми на брак.

[iii] Овие обврски се засновани врз следниве меѓународни и европски инструменти: Протоколот на ОН за спречување, сузбивање и казнување на трговија со луѓе, особено жени и деца , кој ја дополнува конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал (чл. 5, 6, 9, 14 и 19), Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот организиран криминал (член 8, 14 и 25), Конвенцијата на Советот на Европа за борба против трговијата со луѓе (член 3, 5 , 6, 10-12 , 14, 15 , 18, 26 , 28, 35 и 40), Европската конвенција за човекови права (чл. 4, 5, 13, 14) ,Судската пракса на Европскиот суд за човекови права и јуриспруденција (Силиадин против Франција , рег.бр. 73.316 / 01, 26 јули 2005 година; Рантсев против Кипар и Русија, рег.бр. 25.965 / 04, 7 Јануари, 2010; Ц.Н. и В. против Франција , рег.бр. 67.724 / 09 , 11 Октомври 2012 година; Ц.Н. против Обединетото Кралство , рег.бр . 4239 /08, 13 Ноември 2012); . Директивата 2011/36/EU на Европскиот Парламент и на Советот од 5 април 2011 година за спречување и борба против трговијата со луѓе и заштита на своите жртви (чл. 2-6 , 8, 9 , 11-16 , 17, 18), Директивата на Советот 2004/81/EC на дозволата за престој издаден на државјани од трети земји кои се жртви на трговија со луѓе или кои биле предмет на акција за олеснување на илегалната имиграција , кои соработуваат со надлежните органи; Конвенцијата за сузбивање на трговијата со робови и ропството, 1926; Дополнителната конвенција за укинување на ропството, трговијата со робови и институциите и практиките слични на ропство , 1956, конвенција за принудна или задолжителна работа, МОТ К29; Конвенција за укинување на принудна работа, МОТ К105; Меѓународната повелба за граѓански и политички права (чл. 2 , 8, 9 , 12, 14 , 26), Меѓународна конвенција за економски, социјални и културни права (чл. 2 , 3 , 10); Конвенцијата за правата на детето (чл. 2 , 3, 20, 25, 34-36), Конвенција за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (чл. 2) Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација (чл. 2 , 5 и 6) , Конвенција која се однесува на забраната и итното дејствување за елиминација на најлошите форми на детски труд , МОТ К 182 (чл. 7), Конвенција за миграција на вработувања МОТ К 97 (ревидирана); Конвенција за работници-мигранти , МОТ К 143), Конвенција за приватни агенции за вработување, МОТ К 181; Конвенција за домашни работници, МОТ К 189; Конвенција на Советот на Европа за заштита на лица во однос на автоматската обработка на лични податоци од 28 јануари 1981 , ЕТС бр. 108; Директивата 95/46/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 24 октомври 1995 година за заштита на поединците во однос на обработката на личните податоци и за слободното движење на таквите податоци; Рамковна одлука на Советот 2001/220/ЈХА за состојбата на жртвите во кривичните постапки; Директивата на Советот 2004/80/EC од 29 април 2004 која се однесува на надомест на жртвите од кривичните дела; Рамковна одлука на Советот 2008/977/JHA за заштита на личните податоци кои се обработени во рамките на полициската и судската соработка во кривичната постапка; Директивата 2009/52/EC на Европскиот парламент и на Советот од 18 јуни, 2009 година, за обезбедување на минималните стандарди на санкциите и мерките против работодавачите-граѓани на трети земји кои илегално престојуваат во земјата; Директивата 2012/29/EU за основање минимални стандарди за правата, поддршка и заштита на жртвите на кривичните дела.