За Нас

ABOUT
Африел Позитива
Здружение за едукација и развој на деца и млади “ АФРИЕЛ-ПОЗИТИВА“-Гевгелија
Адреса: Ул. 7-ми Ноември бр.42,1480 Гевгелија
Телефон: 077/931-081
Е-маил: аfriel.pozitiva@gmail.com
ПРОЕКТ: “Препознај, пријави, делувај! Стоп за експлоатација на деца!”
Цели на проектот
Општа цел: Истражување за состојбата со феноменот на комерцијална сексуална и трудова експлоатација на деца во градовите Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци.
Специфични цели:
- Промовиран извештај од спроведено истражување за феноменот на комерцијална сексуална и трудова експлоатација на деца на подрачјето на градовите Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово.
- Остварена соодветна долгорочна соработка помеѓу невладиниот сектор и државните институции на локално ниво, особено за прашања кои се поврзани со правата на децата.
- Подигната свеста кај децата, младите и општата популацијата во градовите Гевгелија, Дојран, Богданци и Валандово за феноменот на комерцијална, сексуална и трудова експлоатација на деца.
Активности
Активности:
- Истражување преку интервјуа, прашалници и фокус групи.
- Анализа на информациите добиени преку истражувањето.
- Подготовка на извештај од спроведеното истражување.
- Јавна презентација на извештајот.