За Нас

Легис
Адреса: Џон Кенеди бб, 1000 Скопје
Телефон: +389 78 299 414
Е-маил: info@legis.mk
WEB: www.legis.mk
ПРОЕКТ: “Стратешко партнерство за промени”
Цели на проектот
На овој проект работат два теренски работници и еден координатор во транзитните центри, Табановце и Виноиг. Теренските работници обезбедуваат хуманитарна помош, ги евидентираат кршењата на човековите права и ја евидентираат работата на државните институции.
Тие одржуваат комуникација со бегалците / мигрантите преку програма за рекреативни и социјални активности, како што се пинг-понг, карти за играње, шах, фудбал, багминтон одбојка, креативни работилници. За сите настани, постојат извештаи со кои е информиран донаторот.
Понатаму, теренските тимови ќе бележат повреди на човекови права на дневно ниво и ќе нудат правно советување и упатување на специфични случаи до Канцеларијата на Народниот правобранител или други локални невладини организации што нудат правна заштита. Теренските работници ќе собираат дневни статистички податоци преку пополнување посебно изработени прашалници, а тоа вклучува дневна состојба во погранично-транзитните центри и документирање на повреди на човекови права како и бележење на сведоштва доколку има. На крајот, предвидена е завршна конференција на која ќе се презентираат резултатите со препораки.
Активности
На 24 јануари 2018 година, НВО Легис потпиша договор за грант со НВО Отворена Порта – Ла Страда во рамките на проектот “Стратешко партнерство за промени”.
Проектот на Легис именyван како “Мониторинг на пристапот до човековите права на бегалците и мигрантите “. Ќе трае од 01.01.2019 до 31.12.2019. Целта на овој проект е следење и документирање на кршењето на човековите права на бегалци и мигранти и обезбедување на психосоцијална поддршка и рекреативни активности во граничните транзитни центри – Табановце и Винојуг. Проектот е поддржан од Европската Унија.