За Нас

ABOUT

Глас против насилство

Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство

Адреса: Ул. Христо Смирненски 16а, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 6160 016
Е-маил: coordinator@glasprotivnasilstvo.org.mk
Вебстрана: www.glasprotivnasilstvo.org.mk

ПРОЕКТ: Застапување за воведување на социјален пакет за поддршка на жртви на семејно и интимно партнерско насилство.

 

 

Цели на проектот

Воспоставување на ефективна рамка за поддршка на жените жртви на семејно насилство која ќе овозможи прекинување на насилството и превенција од случување на идно насилство

Специфични цели:

1. Унапреден пристап до релевантни податоци и анализи за предизвиците со кои се соочуваат жените жртви на семејно насилство, а во насока на развивање на модели за поддршка и заштита;

2. Унапреден дијалог со донесувачите на одлуки за подобрување на постоечкиот систем за поддршка на жените жртви на семејно насилство;

3. Подигната јавната свест за предизвиците со кои се соочуваат жените жртви на семејно  и интимно партнерско насилство

Активности

1. Анализа на економските предизвици со кои се соочуваат жените жртви на семејно насилство кои ја напуштиле насилната срединa (Координативен состанок на проектниот и истражувачкиот тим, Развивање на методологија на спроведување на анализа, Изработка на истражувачки алатки, Прибирање на податоци, Обработка на податоци и подготовка на документ со наоди, Подготовка на драфт предлог политика со можни решенија, Организирање средба со организациите членки на мрежата за финализирање на предлог политиката, Промоција на изработената анализа со наоди и предлог политика со решенијa)

2. Застапување пред релевантни чинители за отпочнување на дискусија за усвојување на предложените решенија (Идентификување на партнери од ГОи, Организирање на работна средба за планирање на идни чекори и заеднички акции, Организирање состаноци со претставници од Министерство за труд и социјална политика, Клубот на жени парламентарки, Организирање на регионална средба со претставниците од секторите за социјална заштита во рамки на локалната самоуправа, Заедничка средба за вмрежување на сите релеватни чинители, План за координација со медиуми, Остварување блиска соработка со националните и локалните медиуми)