На 19 април 2018 година, Отворена Порта одржа иницијален состанок во заедничка соработка со партнерот на проектот Ла Страда Интернационална. На настанот беа презентирани главните активности на проектот Стратешко партнерство за промени, активностите и очекуваните резултати. Дополнително Г-ѓа. Сузана Хоф ( Ла Страда Интернационална) даде осврт на специфичната компонента за градење на капацитетите на ГО. Активно учествуваа вкупно 27 лица од разни невладини организации, кои беа проследени со прашања и дискусии од страна на учесниците.