- Активности за воспоставување на стратешки партнерства за развој на социјална агенда за промени;
- Градење на капацитетите на ГО на повисоко ниво за застапување, анализирање и следење на прашањата поврзани со активности против кршење на човековите права;
- Ре-грантирање на ГО за спроведување на таргетираните локални и национални акции за застапување;
- Зајакнување на врските помеѓу ГО и носителите на одлуки и институциите / локалните засегнати страни;
- Пренесување практики на ЕУ во вмрежување.
- Националните ГО се зајакнати на високо ниво во анализа, застапување и мониторинг; во давање глас на граѓаните; одговорност и заедничко работење; пристап до фондови и ресурси;
- Таргетирани локални активности за застапување кои ја зголемуваат вредноста на националните напори за подобрување на политиките и практиките на јавниот сектор и имаат одржливи резултати;
- Зајакната одржливост на ГО преку соработка и трансфер на знаење помеѓу националните организации на граѓанското општество во земјите- партнери и соодветните организации на ниво на ЕУ.