Проектот има за цел директно да го подобри граѓанскиот активизам и да го зголеми капацитетот на граѓанските организациите во Македонија да станат активни агенти во подобрувањето за развојот на политиките за човекови права и владеење на правото со фокус на трговијата со луѓе, експлоатацијата и миграцијата.

Се обврзува да изгради трајна и ефективна мрежа способна да ги адресира прашања кои се однесуваат на локално и национално ниво, на координиран, кохерентен и сеопфатен начин. Преку оваа мрежа, претставниците на граѓанското општество ќе се залагаат и спроведуваат независно, објективно следење и истражување.

Врз основа на објавените наоди, тие ќе предложат развој на политики и ќе влијаат на процесите на донесување одлуки во јавноста. Целта е да се усогласат националните политики и активности на јавниот сектор со стандардите и вредностите усвоени од ЕУ преку пренесување на меѓународно знаење од партнерските организации на ЕУ

Клучни засегнати страни во активностите се локалните и националните граѓански организации кои работат на прашањата на човековите права во земјата, јавните тела што работат во сектори и заедници, други социјални движења и самите граѓани.